Музејот за селфи фотографии, кој во јануари ќе биде отворен во Лос Анџелес, на публиката ќе и претстави уметност инспирирана од правењето селфи фотографии. Музејот на посетителите ќе им понуди многу простории уредени за правење селфи фотографии, во кои ќе се најдат и експонати кои корисниците на социјалните мрежи често ги прикачуваат на своите профили како што се храна или амбиент на тоалети со големи огледала, наведува Mashable.
„Сакаме луѓето да се насмеат и да се изненадат со се што ќе биде изложено. Ние сме место за визуелен хумор, каде што посетителите стапуваат во интеракција со просторот само што ќе влезат во музејот. Се надевам дека слатко ќе се насмеат, дека ќе бидат збунети и изненадени, како и дека нема да можат да одолеат, а да не направат ново селфи“ вели соосновачот на музејот, Томи Хонтон.
Музејот на посетителите ќе им понуди и интерактивно искуство. „Односнот меѓу луѓето и уметноста се промени. Денес луѓето не сакаат само да биде набљудувачи, туку и дел од уметноста. Постојат многу повеќе селфи со ‚Мона Лиза’ отколку што постојат вистински ‚Мона Лиза’“ вели Хонтон.
Тој и коавторот на поставките, Таир Мамедов, собираат и нови експонати кои со тек на време ќе станат дел од поставките. Влезот во музејот ќе се наплаќа 25 долари.