- Advertisement -
Стопанската комора на Северна Македонија и Амбасадата на Финска денеска во Скопје организираат бизнис форум по повод 30 години дипломатски односи меѓу двете држави.
Со цел унапредување и интензивирање на економската соработка, на бизнис форумот ќе биде презентирана бизнис климата во Финска, како и можностите за соработка, а ќе се реализираат и билатерални средби помеѓу компании од двете земји за воспоставување директна деловна соработка.
- Advertisement -
Најавени се обраќања на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, финскиот амбасадор Кимо Ладеверта, потпретседателот на Стопанската комора Зоран Јовановски и почесниот конзул на Финска во Северна Македонија, Светозар Јаневски.
(фото: Pixabay)
- Advertisement -