Њујорк тоне под тежината на сопствените облакодери

- Advertisement -

Научен тим од Геолошкиот институт на САД и Универзитетот на Роуд Ајленд откри дека тежината на џиновските градски облакодери предизикува пет квартови во Њујорк да тонат по 1-2 мм годишно. Тој тим ја анализирал тежината на 1.084.954 згради, вклучувајќи над 6.000 облакодери, од кои 247 се повисоки од 45 метри. Прбоблемот има две страни – додека тие облакодери го туркаат тлото се поблиску до нивото на морето, климатските промени го подигнуваат нивото на морето за побрзо да се сретнат.

Неколку милиметри годишно можеби не звучи катастрофално, но некои делови од Њујорк сепак тонат побрзо и држат чекор со најголемите познати брзини на поестување на земјините тектонски плочи.Состојбата може да се влоши поради бурите. Геологот и коавтор на студијата, Том Парсонс од Геолошкиот институт вели дека проблемот со тонењето може да се влоши поради бурите, но и дека во иднина Њујорк ќе биде изложен на поголем ризик од поплави како последица на разорни урагани, како што се Ајда и Сенди.

- Advertisement -

Оттука доаѓа најголемиот ризик од поплавите. Не мора островот да биде целосно поплаве, барем не во брзо време, но кога имате такви екстремни настани, можете да почнете да ги чувствувате поплавите, вели Парсонс.

Авторите на новата студија велат дека веројатно ја потценуваат сериозноста на ситуацијата затоа што нивните истражувања не ја змеаат предвид тежината на другите голем градби како што се сообраќајниците, бетонските столбови, железниците или остатокот од инфраструктурата на Њујорк.

- Advertisement -

Научниците во студијаѕа за Њујорк прво ја пресметале вкупната маса на над 1 милион згради во градот и дошле до бројка од 764 милијарди килограми. Испитувајќи ја таа тежина, распоредена на мрежа од квадрати со големина 100 x 100 метри, успеале да ја претворат во јасна насока надолу, која притиска врз камената подлога под градот.

Потоа ги споредиле своите пресметки со сателитски снимки кои можат да ги измерат промените во висината на копнената површина, мапирајќи ги тие отчитувања преку своите проценки за целиот град за својот модел да го споредат со податоци од реалниот свет.

- Advertisement -

Целта е да се подигне свеста дека секоја дополнителна висока зграда може да придонесе за идниот ризик од поплави, порачува Парсонс.

(Daily Mail)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -