Франција подготвува стратегија за затоплување на Земјата од 4 степени

- Advertisement -

Со оглед на тоа дека светот не ги изполнува целите за стопирање на климатските промени, Франција се подготвува за температури од 4 степени Целзиусови над прединдустриското ниво до крајот на овој век. Кристоф Бешу, француски министер за еколошка транзиција, вели дека неговата влада повеќе не се ограничува на затоплување од 1,5 степени Целзиусови или барем значително под 2 степени, како што беше договорено со Парискиот климатски договор од 2015 година.

Наместо тоа, најоптимистичното сценарио за 2100 година досега беше 2 степени за Франција, но поверојатно е дека тој температурен скок всушност може да биде дупло поголем.

- Advertisement -

Ако сите држави од светот не направат поголеми напори за дополнително намалување на емисијата на гасови, на пат сме до глобално затоплување од +2,8 до +3,2 степени, што значи +4 степени за Франција затоа што Европа брзо се загрева.

Иако француската влада таквото сценарио не го смета за песимистично, Бешу вели дека треба да го сметаме за реалистично и дека француските напори за прилагодување треба да се базираат на прогнозите за зголемување на температурите од 4 степени Целзиусови.

- Advertisement -

Овој министер утре ќе почне јавно советување за да се помогне во дефинирањето на планот на француската влада за климатските промени и стратегиите за да се прилагодат на тоа. Покрај тоа, би требало да се дискутира и за понатамошните напори за намалување на емисијата на стакленички гасови.

Минатата година беше најтоплата забележана во Франција, која води евиденција од 1900 година наваму. Бешу вели дека Франција може да се соочи со топлотни бранови кои би траеле по два месеци ако температурите пораснат за 4 степени Целзиусови, а некои јужни делови од земјата би имале и до 90 ноќи годишно со високи тропски температури. Сушите и екстремните горештини исто така би станале вообичаени ако се оствари оваа прогноза што ја наведува Бешу.

- Advertisement -

(The Local)

(фото: Pxfuel)

Сподели!
- Advertisement -