Развивање на иновативни модели за учење кои ќе придонесат за квалитетно образование е целта на тимот на Soft Skills Lab сочинет од професорите Мирлинда Весели, д-р Башким Зибери, Рамадан Аљити и Бесмаљ Мемеди. Тие работат на креирање на Soft skills алатки наменети за сите возрасти, а произведуваат и еколошки образовни комплети и дизајнираат наставни програми.
Проф. Мирлинда Весели во интервју за Иновативност вели дека не е природнo децата да не сакаат да учат. Таа советува дека во основното образование мора да се обрне внимание на повторното поврзување на децата со природата, додека за средношколците е најдобра практичната работа и PBL (Project Based Learning).
Новинар – Сања Наумовска
Проф. Весели, кажете ни какви еко производи и soft skills развивате во вашата лабораторија?
Производите што ги развиваме во Soft Skills Lab се засноваат на методологијата наречена теорија за искуствено учење, која е развиена од Дејвид А. Колб, но многу малку позната и помалку применета во земјава. Врз основа на оваа методологија, произведуваме еколошки образовни комплети и ги дизајнираме соодветните наставни програми за меки вештини. Сè уште не сме започнале со продажба, но се надеваме на успех.
За кое ниво во образовниот процес се насочени и кои се резултатите кои се очекуваат од нив?
Во самото прашање лежи и одговорот на нашиот поинаков пристап во развивањето на производите. Со брзиот развој во сите области на живеењето, расте и потребата за нови знаења и вештини, попознати како „hard skills“. Ученикот, студентот, работникот, менаџерот, компаниите, и др. во модерното време се наоѓаат во постојан притисок. Брза адаптација или промена на начинот на учење, напуштање на работното место… Нашите производи се во оваа златна средина, бидејќи за цел имаат развивање на основните динамични компетенции кои го задржуваат своето место во секоја промена, „soft skills“ и силно помагаат во лесното прилагодување со промените. Концептот е Life Long Learning, и вклучуваат деца од прво оделениe, па се до возрасни лица. Важно е да се напомене дека комплетите нудат динамичен систем, кој најмногу зависи од креативноста на обучувачот и институцијата која ги користи. Што се однесува до резултатите, ние сме сигурни дека нашата методологија на приоѓање ќе помогне на развивање на погоре наведните вештини, затоа што слични методологии веќе се применуваат во некои поразвиени земји. Врз основа на спроведените работилници, ние сме многу оптимисти за позитивното влијание на нашиот концепт.
Развивате иновативни модели за учење во областите на природните науки, технологијата, инженерството и математиката. Кои се тие?
СТЕМ образованието е динамичен процес, бидејќи е директно поврзан со сегашноста. Многу е потребно на еден ученик денес да му се објасни телескопот Џејмс Веб, бидејќи само така неговиот мозок можеме да го проектираме за иднината. Во 2019 година, во соработка со ученици, родители и пожарникари, го користевме дронот во симулирана ситуација за евакуација (проект AMyZONE, финалист во Meet и Code). Mожете само да замислите колку е ова важно за ученикот! Денес е тренд 3D печатењето, кодирањето, роботиката, AI, ML, SDG едукација. Сега сме во фаза на реализација на проектот за стимулирање на астротуризмот, но работиме и на неколку други идеи, кои се суштински важни за иднината на сите нас.
Што сметате дека треба да се додаде или одземе во начинот на совладување на материјалите кои се дел од актуелниот образовен систем кај нас?
Доцниме многу. Резултатите од ПИСА покажуваат дека нашиот образовен систем е „добар за ништо!“. Односот, посетување на училиште/стекнато знаење секоја наредна година е попоразителен. Во овој случај, прагматичниот пристап е поефикасен и поевтин. Нашата земја е мала и во Европа имаме доста успешни модели на оваа трансформација. Заборавивме, нашите ученици се уште немаат книги. Едно е сигурно, ако сакаме да го фатиме последниот воз да бидеме дел од успешните општества, најмалку што треба да направиме да го ставиме СТЕМ како предмет во формалниот наставен процес.
Кои се според вас најдобрите методи за учење, поточно алатките од 21 век? Дали се исти за ученици од основно и од средно образование?
Замислете ваква ситуација: дете од пред неколку години кое се враќа навечер покриено со кал, кое неколку пати се качило на дрво за да ужива во вкусот на сливите, кое изградило колиба од кал, придружувало 10 деца од соседството, смислувало стратегии како да бере црешите на комшијата, ја наполниле водата во селската чешма, заспал во скутот на мајка си гледајќи во ѕвездите – колкава образовна компетентност има постигнато (моторика, инжинерство, кодирање, наука,…). Од друга страна, анализирајте ги часовите и напорната работа на наставниците: методи, методологии, стратегии, планови, обуки,… дека останува малку време за истражување и следење на емоциите, времето, чувствата и самите семејствата на учениците. Во суштина, не е природно да не сакаш да учиш. Но, за жал ова се случува околу нас. Мислам дека повторното поврзување со природата е многу важно за учениците од основно, додека практичната работа и PBL (Project Based Learning) за средното образование.
Како технологиите и дигитализацијата можат да му помогнат на образовниот процес, поточно на учениците?
Сега педагозите, психолозите и научниците воопшто се повеќе се фокусират не негативното влијание на дигитализацијата врз здравјето на децата. Во STEMlab и STEM образованието воопшто, дигитализацијата се користи како помошен елемент во решавањето на реалните проблеми. Како таков е многу важен елемент за новите генерации во образовниот процес и животот во општо, толку колку што е важно и знаењето за садење и одгледување на зрно пченица. Но, уште поважно е дека оној што стои зад тастатурата, оној што го пишува кодот, тој што гради, сади, одгледува, ја има и моралната димензија – во овој случај го парафразирам Andreas Schleicher.
Вашиот тим влезе во акцелераторската програма на South East European University. Какви се вашите очекувања?
Нашите очекувања од забрзувачот 700 на UEJL се главно поврзани со квалитетот на пристапот и производите што ги нудиме. Подготвивме мал акционен план и ги чекаме другите чекори на акцелераторот. Најдоброто нешто во целиот овој процес е што се раѓаат нови идеи кои ја збогатуваат нашата понуда. Сметаме дека ќе биде интересно и типично за успешна старт-ап компанија со нетипичен пристап кон образованието. Акцелераторот ќе ни помогне во сите чекори на развивањето на еден успешен старт-ап, од тренирањето во почеток па се до успешна трансформација во една профитабилна старт-ап компанија
Кажете ни нешто за тимот на Soft Skills Lab и на STEMLab.
Тимот на STEMLab го сочинуваат професионалци од предучилишно образование до трет циклус студии. Имаме предавачи, дефектолози и потоа професионалци од областа на ИТ, техничките насоки, науките итн. со различни професионални искуства, внатре и надвор од државата. Двајца членови на тимот се сертифицирани и како СТЕМ обучувачи и на овој начин ги пренесуваат своите искуства на останатиот персонал. Тимот се додава во зависност од потребите и идеите што ги имаме. На овој начин и природно од STEMLab се формираше Soft Skills Lab, која ќе ги води сите фази од акцелераторскиот циклус.