За 60% од професиите до 2030 година нема да ви треба факултет

- Advertisement -

Се повеќе компании не бараат факултетска диплома и така отвораат можности за сите луѓе кои не сакаат да одат на факултет да најдат конкурентни и високо платени работни места. Според едно неодамнешно истражување на компанијата ZipRecruiter, бројот на професии за кои е потребна каква било диплома освен од средно училиште постојано опаѓа од почетокот на пандемијата на КОВИД-19 наваму. До 2030 година предвидуваат дека околу 60% од сите нови работни места ќе бидат професии за кои нема да треба факултетска диплома, пишува CNBC Make It.

За да најдат индустрии во кои најмногу расте можноста за кандидати без дипломи, истражувачи на LinkedIn анализирале милиони профили и описи за огласи кои биле споделувани на платформата од 2021 до 2023 година. Со „дипломец кој не дипломирал“ се опишува некој кој завршил средно училиште, има диплома за соработник или завршил приправнички стаж за оспособување за работа.

- Advertisement -

Еве кои се според LinkedIn најбрзо растечките професии за луѓе без диплома:

-Консалтинг: советник за клиенти, бизнис консултант, консултант за решенија

- Advertisement -

-Маркетинг: менаџер на социјални медиуми, специјалист за маркетинг, координатор за маркетинг

-Истражување: лабораториски техничар, бизнис аналитичар, медицински лабораториски техничар

- Advertisement -

-Човечки ресурси: специјалист за човечки ресурси, асистент за човечки ресурси

-Медиуми и комуникации: писател, помошник во продукција, уредник, менаџер за продукцијаMediji i komunikacije

Некои од овие работни места доааѓаат со шестоцифрени плати. На пример, се очекува менаџерите за продукција годишно да заработат најмалку 106.000 долари, додека консултантите за решенија вообичаено заработуваат најмногу – од 113.000 до 167.000 долар годишно, покажуваат податоците на ZipRecruiter.

(Bizlife)

(фото: Pexels)

Сподели!
- Advertisement -