Научници развиваат уреди кои ќе го имитираат процесот на фотосинтеза во билките за сончевата светлина и водата да ги претворат во кислород. Студијата на Универзитетот Ворвик од Велика Британија, Универзитетот Бремен од Германија и швајцарската политехничка школа EPFL, спонзорирана од Европската вселенска агенција, покажа дека може да функционира наМесечината, па дури и на Марс.
Моментално електролизата е најчест начин на производство на кислород од вода, но тој процес бара повеќе електрична енергија. Инспирирани од билките, уредите за фотосинтеза произведуваат кислород од вода и сончева светлина со помош на полупроводливи материјали обложени со метални каталчизатори и со тоа ја избегнуваат потребата од електрична енергија.
„Вода е откриена и на Месечината и на Марс, така што оваа студија го поплочува патот до развој на алтернативни уреди кои овозможуваат идните астронаути да дишат свеж кислород во истражувачките мисии. Ефикасните и еколшки прифатливи начини за рекреација на делови од животворните услови на земјината амтосфера со користење достапни ресурси ветуваат дека може да се оствари нашата цел за создавање целосно затворен екосистем“ “ велат од Европската вселенска агенција.
Истражувачкиот тим пресметал дека таа вештачка фотосинтеза би функционирала дури и на Марс, каде што сончевата светлина е помалку интензивна затоа што е оддалечена од сонцето. Едноставни соларни огледала за концентрирање на соларната енергија би го подобриле тој процес и може да доведат до поголеми приноси на производството на кислород.
„Ќе бидат потребни неколку години интензивно истражување пред да можеме да ја користиме оваа технологија во вселената, но копирањето на битните детали од природната фотосинтеза може да ни даде некои предности, а нашата студија покажа дека теоријата е добра“ додаваат од Универзитетот Ворвик
Ова истражување е објавено во списанието Nature Communications.
(Vidi.hr)
(фото: Pixabay)