Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска оствари работна средба со министерката за дигитална трансофрмација на Република Словенија, Емилија Стојменова Дух.
На средбата двајцата министри разговараа за дигитализација на македонскиот земјоделскиот сектор и примена на најсовремените технолошки решенија во областа на земјодлеството, по примерот на Република Словенија.
Министерката Стојменова Дух изрази подготвеност дректно да ги сподели позитивните резултати од упешни проекти за дигитализација на земјоделство во Словенија, упатувајќи покана до министерот Николовски за посета на успешни млади иновативни фармери.
„Чест ми е што имаме продуктивна, но пред се пријателска средба на која разговараме за дигитализацијата на земјоделскиот сектор кај нас, по пример на Словенија, како и на можноста директно од успешните примери на младите иновативни фармери во Словенија да го црпиме тоа искуство“, истакна на средбата министерот Љупчо Николовски.
Двајцата министри изразија подготвеност за зајакнување на соработката меѓу двете држави во делот на виното, младите и дигитализацијата.
Република Словенија е наша земја пријател и безрезервен поддржувач на европскиот пат. Нашето традиционално пријателство и партнерство во сите области го развиваме и продолжуваме.