Водич за сајбер безбедност во производниот сектор

- Advertisement -

Sophos драстично го скрати времето потребно за реакција на заканите во производните организации.

- Advertisement -

Производниот сектор се наоѓа во индустриската ера 4.0: паметни фабрики опремени со индустриски IoT уреди, роботика и напредна аналитика за револуција во производните процеси. Но, брзата дигитализација, недостигот на стандарди за сајбер безбедност кои ќе го следат растот, IT/OT преминот, и ниската толеранција на секторот за оперативни застои ја зголемуваат површината ранлива на напади. Производителите бараат решенија за ризиците како што се експлоатација на ранливите точки, протекување информаци и саботирање на производството, кои денес се среќаваат во целата индустрија.

Не е изненадување дека предизвиците за сајбер безбедноста на производителите растат во волумен и сложеност: 55% од производните организации биле нападнати од злонамерен софтвер во 2021 година, што е мал раст во споредба во однос на 52% во 2020 година. 61% од производителите забележале пораст на волуменот, 66% пријавиле посложени напади, а 51% пријавиле поголеми штети од нападите.

- Advertisement -

Еволуција на пејзажот со закани по производниот сектор

Освен поголемиот професионализам и сѐ понапредните тактики, техники и процедури кои ги користат криминалните групи, и неколку други фактори придонесуваат за сѐ потешките предизвици за сајбер безбедноста во овој сектор.

- Advertisement -
  • Производителите мора да обезбедат пристап до нивните критични системи за индустриска контрола и до податоците:
  • Фишинг измамите – особено spear-фишинг напади – се лесен начин за напаѓачите да добијат пристап до производните системи и до вредните податоци.
  • Кражба на интелектуална сопственост, како што се дизајни на производи, формули, патенти за процеси и други уникатни вредности на производните компании од страна на сајбер криминалци, конкуренти и поранешни вработени
  • Ризик од инсајдери кои имаат авторизиран пристап до податоци или контрола врз критичните производни процеси, злоупотреба на нивните привилегии за крадење на трговски тајни, саботирање на производни процеси или оштетување на опремата оддалеку
  • Производителите се потпираат на широк и сложен синџир на набавка, кој е ранлив на сајбер напади
  • Производителите мора да го заштитат своите записи или незаштитените производни контролни системи и процеси
  • Сајбер криминалците го таргетираат облакот за експлоатирање на помалку етаблирани практики за сајбер безбедност во споредба со традиционалните физички работни средини

Sophos може да помогне

Симнете го нашиот Водич за сајбер безбедност во производниот сектор за да научите како Sophos може да помогне во решавањето на најчестите предизвици со сајбер безбедноста со кои се соочува производниот сектор.

Sophos MDR е целосно менаџирана 24-часовна услуга која ја обезбедуваат експерти, специјализирани за детекција и реакција на софистицирани сајбер напади, кои технолошките решенија не можат самостојно да ги превенираат. Како најдобриот MDR провајдер во светот, кој има стотици клиенти од производниот сектор, Sophos располага со посебно широка и сеопфатна експертиза кога станува збор за заканите со кои се соочува производниот сектор. Sophos MDR ги применува искуствата од една производствена компанија на сите други во секторот и на тој начин генерира еден заеднички имунитет и ја засилува одбраната на сите.

„Со Sophos MDR драстично го намаливме времето потребно за реакција на  закани.”

Tata BlueScope Steel

„Способноста на Sophos MDR да ги предочи, залечи или да ги отстрани заканите на лесен и брз начин и  ни овозможува да се фокусираме на многу побитни задачи.“

Tomago Aluminium

“Sophos им дава проактивни задачи на IT тимовите наместо да ги вовлекува во предизвиците со менаџирање со безбедноста.“

AG Barr

Sophos ZTNA ги елиминира ранливите VPN клиенти, ви овозможува да понудите безбеден и лесен пристап до ресурсите за корисниците на далечина, дефинирани од политиките на команиите. Ја брише имплицитната доверба во апликациите, корисниците и уредите, со што овозможува сегментиран пристап до системите и ресурсите.

Sophos Secure Access Portfolio им овозможува на производителите да се конектираат со одделни далечни локации или филијали, им обезбедува суштински апликации со облак и SaaS апликации како што се Dropbox, Salesforce и други, но и споделува податоци и информации помеѓу различни локации.

Sophos Secure Access Portfolio вклучува:

  • Sophos ZTNA за поддршка на безбеден пристап до апликации
  • Sophos SD-RED далечни Ethernet уреди за безбедно продолжување на мрежата до филијали и далечни уреди
  • Sophos Wireless пристапни точки за лесно и безбедно безжично вмрежување
  • Sophos Switch за безбеден пристап до LAN

Сѐ се менаџира преку една платформа во облак, Sophos Central.

За да дознаете повеќе за тоа како Sophos може да ви помогне, побарајте го најсоодветното решение за вашиот бизнис од сертифицираните специјалисти за безбедност на КАБТЕЛ, Платинум Партнер за Мaкедонија .

Сподели!
- Advertisement -