Македонски Телеком за прв пат на пазарот воведе Gaming Boosters, нов продукт за неповторливо гејминг искуство на најдобрата оптичка мрежа. Создаден во соработка со гејмери, Gaming booster пакетот овозможува: супериорна брзина, минимална латенција (ping&lag), исклучителна стабилност т.е. минимален jitter и ѕticky IP адреса за непрекината сесија.
„За да им излеземе во пресрет на гејмерите за потребата од супер брз интернет со најдобри перформанси, размислувавме неконвенционално и создадовме иновативно решение. Отидовме и чекор понатаму: со едноставна, брза и целосно дигитална активација на продуктот преку апликацијата TelekomMK, гејмерите го добиваат најдоброто гејмерско искуство веднаш“ – истакна Даниела Кржовска, Раководител на Продукт маркетинг од Телеком.
Светот на еспортот е новата арена на собирање на младата популација. Исто како во традиционалните спортови, еспортот има потреба од своја инфраструктура и еко-систем, и тоа е еден од главните мотиватори за склучување на партнерство помеѓу Македонски Телеком и Македонската Еспорт Федерација.
“Среќни сме поради ова партнерство, затоа што е од огромно значење за федерацијата и за играчите. Конечно, можеме да оствариме сериозен напредок и да создадеме оптимални услови за натпреварување во Македонија, како и да ги испратиме нашите репрезентации на интернационалните натпреварувања со реална шанса за остварување врвни резултати.” – рече Бобан Тотовски, претседател на Македонската Еспорт Федерација.
Еспортот е најбрзо растечка дисциплина во светски рамки, но и кај нас, која создава нова група корисници коишто се секогаш во потрага по побрз и постабилен интернет. Македонски Телеком ги поддржува сите еспорт ентузијасти и продолжува да работи на иновативни и технолошки супериорни решенија за корисниците.
Повеќе за Gaming Booster на следниот линк.