Американската вселенска агенција НАСА достигна технолошки пресврт кој еден ден може да игра битна улога во мисиите на Месечината и подалеку. НАСА ткри дека системот за контрола на околината и одржување на животот ECLSS на Меѓународната вселенска станица достигнал 98% рециклирање на водата која астронаутите ја носат на станицата.
Овој систем користи напредни навлажнувачи на воздухот кои ла ловат влагата која се создава додека персоналот дише и се поти во текот на секојдневните задачи.
Другиот подсистем наречен Urine Processor Assembly ја собира урината и ја процесира со дестилација на производот до вода и солен раствор на уреидна, кој и понатаму содржи H20. НАСА почна да го тестира новиот уред кој може да ја извлече водата од тој раствор, а сега достигна поврат на вода од 98% во однос на претходните 93% до 94%.
Помислата дека астронаутите пијат урина не е пријатна, но од НАСА велат дека навистина станува збор за питка, прочистена и филтрирана вода, која е почиста од таа што ја пиеме на Земјата.
Системите како ECLSS ќе бидат клучни во иднина затоа што НАСА прави се повеќе мисии надвор од земјината орбита.
„Колку помалку вода и кислород мора да испратиме оттука, толку повеќе научни компоненти може да ставиме во леталата. Новиот регенератвен систем значи дека екипажот не мора да се грии за тоа и може да се фокусира на вистината цел на мисиите“ велат од НАСА.
(Klix.ba)
(фото: Pxhere)