Годинава австралискиот традиционални конзервативен регулатор на лекови дигна многу прашина со одобрението што го даде за употреба на психоделиците за лекување. Промените стапуваат на сила денес, со што Австралија стана првата земја во светот која ги класифицира психоделиците како лекови на национално ниво.
Д-р Бен Сеса, психијатар и истражувач на психоделици, ја пофали одлуката на Австралија и порача дека сега земјата е во центарот на вниманието кога стануца збор за терапевтската примена на психоделиците.
Одобрението дозволува употреба на псилоцибин, кој се наоѓа во т.н. магични печурки, за лекување на резистентна депресија, како и на екстази за посттрауматски стресни пореметувања.
Многу експерти и пациенти велат дека ова е клучен историски момент и ја поздравуваат одлуката. Меѓутоа, главните здравствени организации во светот повикуваат на внимателност. Научната и медицинската заедница се прилични внимателно околу тоа.
Одлуката Австралија да ги класифицира психоделиците како лекови на национално ниво ја прави првата земја која го сторила тоа. Други земји како Швајцарија, Канада и Израел истражуваа користење на психоделици, но не на национално ниво како Австралија.
На почеток пристапот до овие лекови ќе биде ограничен и скап, со проценка од 10.000 до 30.000 австралиски долари по третман, но постои надеж дека оваа терапија ќе им го олесни животот на оние на кои не им помагаат конвенционалните третмани.
Австралиското медицинско здружение и Кралскиот австралиски и новозеландски колеџ на психијатри изразија загриженост поради ограничената употреба, непознатите ризици и долгорочните нуспојави на психоделичната терапја. Тие повикуваат на повеќе студии и повеќе истражување на ова поле.
(BBC News)
(фото: Negative Space)