Ова се најмирољубивите земји во светот

- Advertisement -

Институтот за економија и мир ја објави најновата студија Глобален индекс за мир за 2023 година, во која се наоѓа ранг листа со најмирољубивите земји во светот.

Студијата на Институтот за економија и мир го мери нивото на негативниот мир во земјите користејќи три домени на мирот: постојани домашни и меѓународни судири, општествена безбедност и милитаризација. Севкупно, индексот открил дека светот е малку помалку безбеден од лани поради влијанието на пандемијата на КОВИД-19.

- Advertisement -

Додека најголемата економска сила во светот, САД, се наоѓаат дури на 131. позиција, 7 од 10 најмирољубиви земји во светот се наоѓаат во Европа.

Исланд останува најмирољубива земја во светот од првото објавување на студијата во 2008 година. Исто така, Исланд е и трета најсреќна нација во светт, после Финска и Данска. Над 60% од населението живее во главниот град Рејкјавик, покажуваат податоците на National Geographic. На Исланд образованието е бесплатно за сите жители, а сите ученици уќат да зборуваат и дански и англиски.

- Advertisement -

Според годинашниот индекс, топ 10 најмирољубиви земји во светот за 2023 година се:
1. Исланд
2. Данска
3. Ирска
4. Нов Зеланд
5. Австрија
6. Сингапур
7. Португалија
8. Словенија
9. Јапонија
10. Швајцарија

На второ место на листата е Данска. Главниот град на Данска, Копенхаген, е дом на институции на копенхашката берза и служи како центат кој ја поврзува Северна Евртопа со остатокот од светот. Иако луѓето кои живеат во Данска плаќаат некои од највисоките даноци во светот, до половина од своите месечни приходи, тоа е така со причина. Поради високите даноци Данска може на своите граѓани да им понуди најголем дел од здравствените услуги без пари, студентите не плаќаат пколарина и добиваат грант за покривање на трошоците за време на школувањето, чувањето деца е субвенционирано, а старите жители примаат пебзии и добваат помошници кои ги посетуваат дома.

- Advertisement -

Ирска е трета најмирољубива земја во светот. После Велика Британија, Ирска е втор по големина остров во Европа. Ирска е позната по бујните зелени полиња, а оттука и прекарот Смарагден остров, според National Geographic. Ирската популација е зголемена за 10% во последната деценија, според извештајот кој го објави Централниот завод за статистика. Како што велат авторите на извештајот, прирастот во земјата е меѓу најбрзите во ЕУ.

(Bizlife)

(фото: Pixabay)

Сподели!
- Advertisement -