ВИДЕО: Најнапредниот хуаноиден робот во светот, Aмека, научи да црта

- Advertisement -

Амека, најекспресивниот робот во светот, сега ги вежба рацете за уметност. Engineered Arts, компанијата која дизајнира и произведува хуманоиднт роботи, сега на роботот Амека му даде способност да замисли цртежи.

На видеото кое го објавија на нивниот YouTube канал на 29 јуни 2023 година, на Амека му велат да нацрта мачка. Претходно Engineered Arts ја покажа способноста на Амека да изрази различни човечки емоции и способноста да зборува повеќе јазици.

- Advertisement -

Амека е напреден хуманоиден робот кој служи како платформа за роботски технологии во иднина. Роботот е опремен со микрофони, камери и софтвер за препознавање лице. Сега истражувачите му дадоа Stable Diffusion за Амека да замислува цртежи.

Stable Diffusion е модел за длабинско учење кој го претстави Stability AI во август 2022 година. Примарно се користи за креирање детални слики базирани на текстуален опис. Но, може да врши и задачи како боење во линии, надвор од линии и генерирање слика во слика врз основа на текстуални пораки.

- Advertisement -

Како што велат од Engineered Arts, еден од предизвиците со кои се соочиле било претврањето слики во вектори или линии, за Амека да може да црта. Сепак, нивниот главен фокус бил да направат Амека да црта брзо и да биде забавно да се гледа.

(Interesting Engineering)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -