Градење на публика во ера на економија на содржина

- Advertisement -

Како можете да предвидите која е содржината која луѓето сакаат да ја читаат уште пред да ја посакаат? Како да откриете каде „живее“ вашата публика на интернет и што сака да следи? Ова е истражување токму за тоа.

Што точно е економија на креатори?

Eкономија на креатори претставува комбинација од влијанието на социјалните медиуми и креаторите кои ги монетизираат своите содржини на интернет.

Околу 40 милиони луѓе ширум светот се сметаат себеси за креатори на содржина или популарно – инфлуенсери. Нивниот број секојдневно расте, затоа што заработката преку социјалните медиуми е прилично мотивирачка.

- Advertisement -

На кој начин заработуваат креаторите на содржина?

Овие креатори на содржини имаат неколку начини за монетизација кои најчесто ги избираат според своите интереси или финансиската придобивка.

Еве кои се најчестите начини за монетизација кои се избрани од овие креатори на содржини:

1. Спонзорирани објави

Ова е најчест начин за заработка на пари. Компанијата доставува до инфлуенсерот бриф за тоа каква објава треба да се направи, а инфлуенсерот ја користи својата креативност да го прикаже производот/услугата за кој е платен во најдобро светло. По креирањето на овие објави, истите се спонзорираат за да достигнат поголема публика. 

- Advertisement -

2. Промовирање на сопствени производи

Секако, некои инфлуенсерите имаат свое портфолио на производи или услуги. Дел од нив токму преку активна промоција на својот производ стигнале на инфлуенсерското столче.

3. Партнерски маркетинг

Инфлуенсерите објавуваат линкови или кодови во нивните објави кои што при секој клик му носат надомест на инфлуенсерот.  

Пораст на лажни креатори на содржини

инфлуенсери-социјални-мрежи
Извор: https://unsplash.com/

Како што инфлуенсер маркетингот станува попрофитабилен, не е изненадување што лажни инфлуенсери се појавуваат повеќе и повеќе.

- Advertisement -

Вистинските од лажните креатори можат да се разликуваат по следниве метрики:

  • Стaпка на интерактивност
  • Број на коментари
  • Начин на кој е одговорено на коментарите
  • Број на следбеници
  • Број на профили што инфлуенсерот ги следи

Кои се најпопуларните теми за кои се одлучуваат да создаваат овие креатори на содржини? 

  • Гејминг
  • Спорт и фитнес
  • Фотографија
  • Патување
  • Убавина
  • Мода
  • Родителство

Дали да се биде креатор на содржина е професионална обврска?

Најголемиот број на креатори на содржини ова го сметаат како хоби и начин како да ја пренесат својата експертиза или да го споделат својот најнов продукт. Монетизацијата е само дополнителна предност која доаѓа во целата приказна.

инфлуенсери-социјални-мрежи
Извор: https://unsplash.com/

Кои се најпопуларните креатори на содржини за социјалните медиуми за 2021 година?

Неколку од нив вклучуваат:

Економијата на креирање допрва ќе зема замав, не само поради опцијата за монетизација, туку бидејќи да се биде креативен при промоција на продукти и сервиси е неограничена!

Извор – media.next.edu.mk

Сподели!
- Advertisement -