Центарот за развој на Вардарскиот плански регион објавува повик за аплицирање во старт-ап програма во рамки на Inno Ecosystem проектот.
Програмата е намената да поддржува тимови со иновативни идеи во рана фаза од развојот на идејата од областа на туризмот. Сите заинтересирани тимови кои работат на развој на некаква идеја, апликација, платформа или веќе имаат некакво решение во фаза на прототип може да се пријават во старт-ап програмата. Повикот е отворен со 20 август 2023 година на следниот ЛИНК.
Програмата која поддржува развој на иновативни решенија во индустријата за патување, туризам и угостителство во Вардарскиот регион обезбедува:
- бесплатни менторски и тренинг услуги за дефинирање на бизнис модели
- можност за вмрежување
- презентација на бизнис идеите пред потенцијални инвеститори
Главната цел на старт-ап програмата за туризам е да го промовира развојот на иновативни решенија во индустријата за патување, туризам и угостителство во Вардарскиот регион.
Учесниците во оваа програма ќе добијат:
- бесплатна обука за Design Thinking и сертификат за истата (пазарната вредност на обуката е 1.000 евра)
- бесплатно менторство од еминентни, домашни и интернационални професионалци на 48-часовен хакатон
- пристап до инвеститори – презентација на бизнис идеите пред потенцијални инвеститори – инвестициски networking event
- простор за дискусија за трендовите и идните перспективи на тема туризам на специјално организирана Тркалезна маса
- и, се разбира, многу нови контакти и одлична забава
Кој може да аплицира?
Програмата е намената да поддржува тимови со иновативни идеи во развојна фаза. Сите заинтересирани тимови кои работат на развој на некаква идеја, апликација или решение за одреден проблем во областа на туризмот може да се пријават во програмата.
Во Програмата можат да учествуваат исклучиво тимови составени од минимум 2 и максимум 5 члена, при шпо нема ограничување на возраста.
За учество во програмата ќе бидат селектирани максимум 20 учесници (членови на тимови). Темите кои треба да се опфатени со нивните идеи се однесуваат на: иновативни туристички решенија кои промовираат одржливост и позитивно влијаат на локалните заедници, „паметни“ дестинации и „паметна“ мобилност, рурален развој, угостителство, софтверски и технолошки туристички решенија и друго. Критериуми за избор на идеја се: иновативностa и креативностa на решението, разбирање на опишаниот проблем и компатибилноста на тимот
Старт-ап програмата ќе се реализира во месец септември во Велес. Повикот е објавен на 20.07.2023 година. Аплицирањето ќе се одвива исклучиво по електронски пат, со пополнување на апликацијата на следниот линк СТАРТ-АП ПРОГРАМА
Апликантите ќе бидат известени за статусот на апликација на почетокот не месец септември 2023.
Старт ап програмата: Туристички иновации во Вардарскиот регион е организирана од Центар за развој на Вардарски плански регион во рамките на проектот “Креирање иновативен екосистем за поддршка на можностите за вработување на ИТ млади таленти во прекуграничниот регион” (INNO-ECOSYSTEM). Проектот INNO – ECOSYSTEM е кофинансиран од Европската унија и од националните фондови на земјите учеснички