Безжичното полнење подобрено за 80%

- Advertisement -

На Универзитетот Алто развиен е подобар начин за безжично полнење на поголеми растојанија. Инженери од финскиот универзитет го оптимизираа начинот на кој антените кои испраќаат и примаат сигнали меѓусебно делуваат, користејќи го феноменот на сузбивање на зрачењето. Резултатот е подобро теоретско разбирање на безжичниот пренос на енергија во споредба со конвенционалниот индуктивен пристап, што претставува значаен напредок на тоа поле.

Полнењето на кратки растојанија, на пример, преку индукциски перничиња, користи магнетни полиња во близина за пренос на енергија со висока ефикасност, но на поголеми растојанија ефикасноста драстично опаѓа.

- Advertisement -

Новите истражувања покажуваат дека оваа висока ефикасност може да се одржи на поголеми растојанија со потиснување на отпорот на зрачење со антени кои испраќаат и примаат енергија. Претходно истата лабораторија создала повеќенасочен безжичен систем на полнење кој овозможил полнење на уреди о која било ориентација. Сега ја проширија таа работа со новата динамична теорија на безжично полнење, која ги анализира и големите и малите растојанија и различните услови.

Истражувачите покажаа дека високата ефикасност на преносот, над 80%, може да се постигне на оддалеченост птиближно 5 пати поголема од големината на антената, користејќи оптимална фреквенција во распон од 100 мегахерци.

- Advertisement -

„Сакавме да ја урамнотежиме ефикасноста на преносот на енергија со губењето на зрачењето, кое секогаш се случува на поголеми растојанија. Се покажа дека кога струјата во антените има еднаква амплитуда и спротивна фаза, може да се поништи губењето на зрачењето, со што се зголемува ефикасноста“ вели главниот втор на студијата, Нам Ха-Ван.

Истражувачите создадоа начин за анализа на кој било систем за безжичен пренос на енергија, било математички или експериментален. Тоа овозможува потемелна проценка на ефкасноста на преносот на енергија како на кратки, така и на поголеми растојанија, што досега не беше направено. Потоа тестирале како функционира полнењето меѓу две антени поставени на значително растојание во однос на нивната големина и утврдиле дека сузбивањето на зрачењето е механизам кој помага да се зголеми ефикасноста на преносот.

- Advertisement -

Истражувањето е објавено во списанието Physical Review.

(Vidi.hr)

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -