Договорени три нови иницијативи за економски раст со Јапонската организација за надворешна трговија

- Advertisement -

Директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски и претседателот на Јапонската организација за надворешна трговија JETRO договорија три нови иницијативи за економски раст, базирани на соработка помеѓу македонската и јапонската економија и компании, информираат од ТИРЗ.

-JETRO има мрежа која покрива над 2 милиони јапонски мали и средни компании и им нуди различни инструменти за поддршка за инвестиции. Веќе договоривме соработка не само во делот на привлекување на јапонски инвеститори туку и заднички проекти меѓу компании од двете земји особено во ИТ секторот, енергетика и градежништво во делот на обнова на Украина, како и директна поддршка за македонските стартапи, изјави Деспотовски по средбата.

- Advertisement -

Претседателот на JETRO Нобутани изрази целосна подготвеност за поддршка на ТИРЗ и Владата на Македонија и лична заложба за забрзана реализација на новите иницијативи за засилен економски раст.

Како што информираат од ТИРЗ, Деспотовски имал средба и со гувернерот на јапонската Банка за меѓународна соработка ( JBIC), Нобумитсу Хајаши со кој договорија подрршка на потенцијални заеднички проекти на македонски и јапонски градежни компании во рамки на обновата на Украина. Гувернерот Хајаши изрази подготвеност за поддршка на вакви инвестиции.

Сподели!
- Advertisement -