Забавување на стареењето со споделување на крвоносниот систем

- Advertisement -

Тим од научници предводен од Вадим Гладишев, професор по медицина на Медицинскиот факултет Харвард и Џејмс Вајт, доцент на катедрите за медицина и биологија на Медицинскиот факултет при Универзитетот Дјук, ги продолжи животите на стари глувци така што ги поврзаа нивните крвоносни системи со тие на млади глувци користејќи го процесот наречен хетерокронична парабиоза.

Резултатите ги одушевиле. Старите глувци живееле во просек 6% подолго од своите контролни врзници, а на биолошката возраст утврдена со биомаркери за стареење и кај старите и кај младите глувци влијаела тримесечната постапка на споделување на крвта.

- Advertisement -

Наодите сугерираат дека младите имаат корист од коктелот од компоненти и хемикалии во нивната крв, кој придонесува за виталноста, а тие фактори потенцијално би можеле да се изолираат како терапија за забрзување за заздравувањето, подмладувањето на телото и продолжување на животот кај постарите.

„Ова е првиот доказ дека процесот наречен хетерокронична парабиоза, може да го забави темпото на стареење, што е поврзано со продолжувањето на животниот век и на здравјето“ вели постариот автор д-р Вајт.

- Advertisement -

Вајт и неговиот колег одлучиле да утврдат дали бенефитите од хетерокроничната парабиоза, односно хируршко спојување на две животни на различна возраст за да се овозможи заеднички крвоносен систем – се привремени или долготрајни.

Тие сакале да видат што ќе се случи ако ефектите од парабиозата во време од три недели се продолжат на 12 недели, што е отприлика околу 10%од животниот век на еден глушец од 3 години. Вајт додава дека е битна и возраста на глувците, со тоа што помладиот имал 4 месеци, а постариот 2 години.

- Advertisement -

Во двата месеци набљудување после одвојувањето старите глувци покажале подобрени физиолошки способности и живееле 10% подолго од животните кои не подлегнале на таква постапка. На клеточно ниво парабиозата драстично ја намалила епигенетската старост на крвта и на ткивото на црниот дроб, а ефектот на подмладување се задржал уште два месеци после одвојувањето.

За подобро да сфатиме, ако се работеше за луѓе, тоа би било исто како да се спојат 50-годишен и 18-годишен човек на период од околу 8 години, со ефекти кои го продолжуваат животниот век за околу 8 години.

Истражувањето е објавено во списанието Nature Aging.

(Vidi.hr)

(фото: Pxfuel)

Сподели!
- Advertisement -