Берзански предвидувања – од овие две компании купете акции сега и продадете ги во јануари

- Advertisement -

Судејќи според берзанската статистика, меѓу технолошките лидери најмногу се исплатува да купите акции на Netflix и Facebook сега, на крајот на годината, и да ги продадете на крајот на јануари. Податоците на аналитичката компанија Kensho од 2012 година покажуваат дека од компаниите Facebook, Amazon, Apple, Netflix и Google, само акциите на Netflix во јануари бележат раст на цената од 9,5%.

Како што пренесува CNBC, цената на Google во просек расте за 2,92%, на Amazon за 0,7%, а само акциите на Apple губат на вредност и тоа за 4,7%. Причина за растот на вредноста на акциите на Netflix лежи во фактот дека таа компанија од четвртиот квартал за 2012 година досега секој пат објавува подобри резултати од очекуваното. Аналитичарите прогнозираат дека Netflix во четвртиот квартал ќе оствари заработка по акција од 0,42%. Ако и овој пат ги надмине очекувањата, можно е продолжување на растот на акциите, кои само годинава поскапеа за 52%.

- Advertisement -

Како што пишува Bizlife, цената на акциите на Facebook, пак, уште повеќе се зголеми во 2017 година – дури 54%, а аналитичарите сметаат дека најголемата социјална мрежа има потенцијал за раст на бројот на корисници над 2 милијарди. Во монетизацијата на корисничката база посебно се истакнуваат две алатки – Instagram и видеосодржини. Според наводите на Wall Street Journal, Facebook е подготвен да инвестира до милијарда долари во оригинални видеосодржини. Аналитичарите на Evercore ISI предвидуваат дека акциите на Facebook во 2018 година ќе пораснат за дополнителни 30%.

Сподели!
- Advertisement -