„Дата Мастерс“ ги привлекува веќе иселените млади да се вратат дома и да работат за светскиот пазар

- Advertisement -

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска беше во посета на првата домашна

Kомпанијаta „Дата Мастерс“, специјализирана во консалтинг и имплементација на решенија во областа на вештачката интелигенција и напредна аналитика, бележи големи успеси надвор од државава. 

Компанијата, која во моментов има 60 клиенти, за пет години порасна на 50 вработени и се шири со нови луѓе кои работат за клиенти од Абу Даби, Лисабон и САД.

- Advertisement -

Поконкретно, софтверот за менаџирање здравствениот систем на Абу Даби, е направен токму во оваа компанија.

За време на посетата на премиерот Димитар Ковачевски пред присутните се обрати и Филип Петровски, еден од основачите на компанијата „Дата Мастерс“, којшто нагласи дека повеќето од вработените во компанијата се вратиле од странство. Нивната мисија, како што нагласи тој, е да покажат дека нашата земја има знаење и искуство и може да се носи со големите консултантски компании во светот. 

Нашата мисија е да покажеме дека имаме знаење и дека тука можеме да направиме пазар и можеме да ја развиеме најголемата и најтренди индустрија во светот“, посочи Петровски.

- Advertisement -

Фото – Pexels

Сподели!
- Advertisement -