Ќе се одржи глобален самит за вештачка интелигенција

- Advertisement -

Велика Британија во ноември ќе биде домаќин на глобален самит за вештачка интелигенција. Самитот ќе се одржи на 1 и 2 ноември во Блечли Парк, место во Милтон Кејнс во кој математичарот Ален Туринд ја разби воената шифра на уредите Enigmа на нацистичка Германија.

Челници на технолошки компании, владини претставници и научници ќе се соберат за да ги анализираат ризиците од вештачката интелигенција и да дискутираат за тоа како може да се ублажат истите.

- Advertisement -

На самитот веројатно ќе се зборува за прашања како што е спречување на користењето на вештачката интелигенција за ширење дезинформации во текот на избори и користење на технологијата во воени цели, се вели во анонимна изјава од владата.

Обединетото Кралство веќе долго време е дом на трансформативни технологии од иднината, така што нема подобро место за угостување на првиот глобален самит за безбедност на вештачката интелигенција отколку Блечли Парк, велат оттаму.

- Advertisement -

За целосно да ги прифатиме извонредните можности на вештачката интелигенција мора да се фатиме во костец со ризиците за да го осигураме нејзиниот безбеден развој во годините кои следуваат, додаваат.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Pxhere)

Сподели!
- Advertisement -