ВИДЕО: Honor V Purse е концепт телефон кој може да се носи како чанта

- Advertisement -

Компанијата Honor претстави концепт телефон кој е прилично интересн и иновативен. Станува збор за телефон на преклоп наречен Honor V Purse, кој се носи како женска чанта. Телефонот дури има модерни и променливи каиши и синџири.

Ова засега е само концепт, но проектот има некои елементи од реалниот свет кои наскоро ќе станат реалност. Изгледот не треба да лаже затоа што телефонот е многу напреден. Дебелината кога е склопен е само 9 мм и е потенок од Magic V2.

- Advertisement -

Honor V Purse е комбинација од физички дизајни и интерактивни Always On Display стилови, кои се креирани од врвни таленти како што се директорот на дизајн во Burberry за машка облека, Брама Ван Дипина, свремената уметничка Јунуен Еспарза, деканот на Меѓународниот колеџ на Кинеската академија на уметности, Јуан Јумин и интердицисплинарната уметничка Џиао Хуи Ванг.

Целта е со помош на каишите и синџирите и различните AOD дизајни видливи од двете страни на телефонот изгледот на телефонот Honor V Purse да може да се прилагоди на секоја комбинација на облека.

- Advertisement -

Телефонот е направен од одржливи материјали, вклучувајќи и веганска кожа за каишите. Целта на концептот е да се поттикне модната индустрија да прифати нови технологии за потрошувачите да се охрабрат да купуваат помалку, а да користатра подолго.

Иако е концепт, Honor ќе ја отвори платформата за AOD дизајни за девелоперите и дизајнерите од целиот свет да можат да креираат различни дизајни. Нема други детали за телефонот, освен тоа дека може да издржи 400.000 циклуси на преклопување.

- Advertisement -

(Klix.ba)

(фото: Honor)

Сподели!
- Advertisement -