Евтина струја од 1 декември и преку ден, периодов ќе се средуваат броилата

- Advertisement -

Евтината дневна струја ќе биде достапна од 1 декември годинава за околу 200.000 домаќинства што имаат смарт броила. За останатите потрошувачи, оваа поволност ќе се вклучува постапно во текот на декември, заедно со читањето на струјомерите, информираа денеска од Електродиструбиција, фирма-ќерка на ЕВН.

Воедно, тие апелираат да им се овозможи пристап до броилата од страна на потрошувачите, за да се обезбеди евтина дневна струја до крајот на декември. Додаваат дека процесот многу ќе зависи од потрошувачите, па оттаму и нивната замолница до граѓаните броилата да бидат достапни, за да можат нивните читачи да ги прочитаат, бидејќи во текот на читањето се прави сетирањето на броилата.

- Advertisement -

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги летово донесе одлука евтината дневна тарифа да се воведе од 1 декември 2023 година, во периодот од 13 до 15 часот.

(Meta.mk)

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -