Халкбанк АД Скопје изврши намалување на каматните стапки на потрошувачкиот и хипотекарниот кредит наменети за физички лица и понуди атрактивни услови за станбениот кредит. Овие услови ќе важат во промотивен период до 31 декември 2023 година.
Станува збор за кредити што вообичаено се најбарани од населението и токму затоа Банката одлучи да понуди подобри услови за истите со цел да им излезе на граѓаните во пресрет.
Потрошувачкиот кредит во овој период е со фиксна каматна стапка од 5,7% за првите 2 години, а за останатиот период ќе се пресметува варијабилна каматна стапка дефинирана како 2 процентни поени + референтната каматна стапка за пресметување на законската каматна стапка која во моментов изнесува 6% (8% номинална годишна), но не пониска од 7%.
Со овој производ максималниот износ кој може да се добие, во зависност од кредитоспособноста на клиентот, е 1.500.000 денари, а максималниот рок на отплата е 120 месеци. Истиот во најновата понуда е без трошоци за обработка, како и во случај на предвремена отплата.
ХалкБанк во соработка со Халк Осигурување во својата палета на производи го додаде и Потрошувачкиот кредит со осигурување за кредитна заштита, каде најважен елемент е заштита на клиентот при губење на работа и боледување како и губење на работната способност предизвикана од инвалидитет над 50% и смрт на осигуреникот поради несреќен случај. Кредитот има конкурентни атрактивни каматни стапки со дополнително обезбедување и сигурност на клиентот во однос на осигурените ризици кои се покриени со полисата.
Кај Хипотекарниот кредит каматната стапка сега изнесува 5,3% фиксна за првите 3 години, односно 8% варијабилна за остатокот од периодот ( 2 pp+ РКС), но не пониска од 6,5%. Кредитот е со максимален износ од 18.450.000 денари и рок на отплата до 20 години. Кај овој производ е предвидена провизија за обработка од 0,5% од износот на кредитот.
Станбениот кредит кој исто така е еден од најбараните производи на Халкбанк поради атрактивните услови кои се нудат, е со фиксна каматна стапка 3,5% за првите 5 години или 3,85% за првите 10 години. За останатиот период таа ќе изнесува 4 процентни поени + 3,721% променлива стапка на 6 месечен Еурибор (7,721%). Кредитот е со максимален износ од 300.000 евра и рок на отплата до 30 години. Учеството е минимум 10% односно 15% од висината на кредитот во зависност од типот на полисата со која е обезбеден овој производ. Станбениот кредит во промотивниот период е без трошоци за обработка на барањето.
За сите детали за каматните стапки и останати услови кои ги нуди Халкбанк АД Скопје во промотивниот период до последниот ден од годината, посетете ја интернет страницата на банката во делот на кредити за физички лица Македонски – Кредити (halkbank.mk).