Илон Маск ја тужи државата Калифорнија

- Advertisement -

Компанијата X (Twitter) на Илон Маск ја тужи државата Калифорнија поради законот кој од социјалните медиуми бара да објаснат како се модерира нивната содржина. Компанијата која управува со социјалната мрежа X тврди дека оваа мерка налвегува во нивните уредувачки активности, кои се заштитени како слобода на говор според американскиот Устав, пишува Blооmberg.

Кога гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусон, минатата година го потпиша законот, рече дека тој е осмислен да ја заштити јавноста така што од социјалните медиуми бара да ја откријат својата политика за говор на омраза, дезинформации, вознемирување и екстремизам на своите платформи и да пријават податоци за примената на својата политика.

- Advertisement -

Но, вистинската намера на законот е да изврши притисок на платформите за социјални медиуми за да ги елиминираат некои со Устав заштитени содржини кои ги смета за проблематични, се вели во жалбата на компанијата X.

Откако Маск го купи Twitter во октомври минатата година, за 44 милијарди долари, многу огласувачи ја напуштија платформата зашто беа загрижени дека нивните огласи може да се појават покрај непристојни содржини.

- Advertisement -

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: East Anglia Bylines)

Сподели!
- Advertisement -