iPhone 15 Pro и Pro Max го имаа своето деби вчера, на годишниот настан на гигантот Apple. За разлика од претходниците, овеи два нови модели имаат некои забележителни подобрувања и во надворешниот изглед и во хардверот и софтверот. iPhone 15 Pro и Pro Max имаат надворешна маска направена од титаниум наместо од челик и затоа се и значително полесни.
Овие два телефони ги оправдаа гласините коишто кружеа со месеци и покажаа дека се нанапредните телефони на Apple досега. Имено, однадвор веднаш може да се забележи дека имаат позаоблени рабови и се попрактични за држење во рака. Новиот Pros има малку поголемо стакло на предниот дел, но димензиите се уште се 6.1 инчи за iPhone 15 Pro и 6.7 инчи за iPhone 15 Pro Max.
Што се однесува на боите, iPhone 15 Pro и Pro Max се достапни во четири металик бои: традиционалните црна и бела титаниум, како и сина титаниум и „природна“ сива титаниум.
Како што и се очекуваше, и iPhone 15 Pro и Pro Max сега имаат USB-C и можност за пренос на податоци од 10GB во секунда. И двата телефони имаат камера од 48 мегапиксели со поголем сензор, како и 12 мегапиксели ултрашироак камера која ја имаше и кај минатогодишниот модел iPhone 14 Pro. Она што е поголема новина годинава е поголемиот зум. Pro го задржува 3x зум од претходниот модел, а Pro Max сега има 5x оптички зум (еднакво на леќа од 120mm).
И двата модели го имаат процесорот A17 Pro Bionic, чип од 3 нанометри кој има 19 милијарди транзистори за побрзи перформанси.
Цената на iPhone 15 Pro почнува од 999 долари, додека почетната цена на iPhone 15 Pro Max е 1.199 долари.
Преднарачките за iPhone 15 Pro и Pro Max почнуваат во петок, а телефоните ќе се најдат во продажба во продавниците на Apple на 22 септември.
(CNET)
(фото: YouTube)