Компанијата Jump Aero го претстави своето летало A1 Pulse со вертикално полетување и слетување, а е наменето за превоз на болничари на местото на итни медицински интервенции, како што можете да видите од видеото во прилог.
Кога е на копно, леталото е свртено со носот и осумте електрични пропелери нагоре, а полетува како хеликоптер, но потоа се наведнува странично во хоризонтална положба откако ќе достигне висина на крстарење. Структурните елементи меѓу потпирачите тогаш служат како двокрилни крила и овозможуваат побрз и поефикасен лет напред отколку со хеликоптер или со повеќе ротори.
Еден патник (кој е и пилот и болничар) стои кога леталото Pulse е на копно и е во лежечка положба кога леталото ќе се наведне напреи може да гледа напред и долу низ прозорците во носот и во централниот дел од леталото.
Поедноставената контрола на летање значи дека не е потребна опсежна обука, а наводно не постои ниту една точка на eVTOL која ви предизвикала катастрофален дефект. Меѓутоа, ако Pulse не може да остане во воздух од која било причина, може да се активира падобран кој безбедно ќе го приземји.
Леталото има максимална брзина од 250 јазли или 463 км/ч, максимална носивост од 150 кг и може да се распореди за оомалку од 60 секунди за да достигне која било локација во радиус од 50 км за помалку од 8 минути. Потоа ќе може да слета на стрмнини до 10 степени и да се превезува на задната страна од камион со рамна платформа без какво било расклопување. Секој од неговите осум мотори го напојува посебна батерија од 11 kWh, а сите може да се полнат истовремено преку еден приклучок.
Бидејќи леталото не може да превезува пациенти, не е наменето да ја замени традиционалната итна помош, туку идејата е да се испрати и Pulse и итна помош, затоа што леталото може да стигне на локацијата многу побрзо.
Ксако што велат од Jump Aerо, компанијата Falck Ambulance Services е првиот комерцијален клиент кој го нарачал авионот.
(Vidi.hr)
(фото: YouTube)