Скопски моден фестивал од 28 до 30 септември во партнерство со Државна лотарија

- Advertisement -

Третата интернационална сезона на забавно-културната манифестација, одново ќе ја изненади домашната и регионалната публика, со богата ревиска програма во партнерство со Државна лотарија. Модни ревии, уметнички перформанси, музички настапи и гала забава претставуваат само дел од годинешниот уникатен концепт.

Скопски моден фестивал три дена ќе ја слави модата во метрополата, на нова урбана локација – центарот за настани PURE Night Club во градскиот парк, каде под блесокот на рефлекторите од 28 до 30 септември, последните колекции и дизајнерски дострели пред илјадниците гости и посетители, на сцената ќе ги прикажат низа македонски и странски учесници, под закрила на маркетинг агенцијата MAX Management Inc. Официјалната ревиска програма ќе се одвива во четврток, петок и сабота од 18:30 до 22:30 часот.

- Advertisement -

Трите заштитни лица на третата сезона се интернационалните модели Аинура Јементајева, Тами Петковска и Кристина Велковска од Моделс Ин. Организаторите традиционално изработија најавно видео и едиторијални фотографии, инспирирани од среќната лото тројка и боите на ноќта, во соработка со дуото Frozen Time Drops. Како стилист на кампањата се потпишува Ангелина Китановска. Извршен продуцент е Милан Атанасов, креативен директор на фестивалот.

Девојките носат комбинации на ексклузивни креации од познати и еминентни имиња на нашата модна сцена: Билјана Каран, Ивана Кнез, KTN, La Maison Cece T. и Христијан Младеновски. Кошулите, од друга страна, го навестуваат пристигнувањето на брендот Сербез, чија деби колекција премиерно ќе се лансира и внесе освежување на Skopje Fashion Festival powered by Државна Лотарија. Чевлите и чантите се од мултибренд понудата на N Fashion, додека сребрениот накит е од Noel Jewelss.

- Advertisement -

За шминката е заслужно Moe Studio Dadar, а за фризурите се погрижи Social Hair Salon. Официјални партнери за шминка и убавина на настанот се FABUspot, застапени со премиум брендовите: MAC, Bоbbi Brown, Burberry, Clarins, Estée Lauder, Shiseido и Foreo. Официјални партнери за фризура и нега на коса на фестивалот се Dakalama, со широката палета на производи од: K18, Revlon Professional, Glynt и Reuzel.

По година и половина од првото издание, односно две одржани сезони, Скопски моден фестивал може да се пофали со бројка на учесници од над 40 дизајнери, брендови и академии, присуство на повеќе од 100 акредитирани новинари, фотографи и претставници на новите медиуми, како и посетеност од речиси 15.000 гости во текот на ревиите, изложбените салони и пропратните активности на настанот. Кои се главните протагонисти и што ќе донесе „среќната тројка“ на Skopje Fashion Festival powered by Државна Лотарија, целата јавност ќе дознае веќе од оваа седмица, а особено во живо на 28, 29 и 30 септември во клубот PURE.

Сподели!
- Advertisement -