Во Скопје денеска ќе се одржи „BLUE ECONOMY SUMMIT”, на кој се најавени воведни обраќања на евроамбасадорот Дејвид Гир, министерката за животна средина Каја Шукова и првиот човек на „Prime Blue Institute“, Зоран Мартиновски.
За подобра животната средина, водата како ресурс треба да овозможи економски развој преку искористувањето на потенцијалот за создавање зелени работни места.
Северна Македонија има одлична местоположба и клима, совршени идеи за развој на сината економија, но потребна е поголема институционална поддршка и свест кај приватниот сектор-смета експертската јавност.
Како што најавуваат организаторите на настанот, овој самит на едно место ќе собере амбасадори, менаџери на најголемите банки во Македонија, врвни светски експерти за екологија, домашни бизнисмени и проект менаџери кои заеднички ќе дебатираат како да ги зачуваме водите и да ја разбудиме свеста кај фирмите, а ќе пренесеме светски искуства и глобални трендови на овој план.
На самитот ќе учествуваат експерти од десет земји, кои ќе ги пренесат сопствените искуства и ќе овозможат вмрежување за поддршка на сината економија.
Самитот за сина економија е во организација на „Prime Blue Institute“, во партнерство со CEI (Central European Initiative).