Седумгодишниот Рајан од Калифорнија отвори компанија за рециклирање отпад

- Advertisement -

Уште како многу мал, Рајан Хикман кој е по потекло од Калифорнија искажал огромен интерес за хоби нетипично за неговата возраст: повеќекратно користење на отпадот. Она што на почетокот било фасцинантност од сортирање на предмети набргу прераснало во страст за рециклирање, па на само 7 години, Рајан стои зад неговио мал бизнис: Ryan’s Recycling Company.

Рајан за првпат се сретнал со концептот на рециклирање на 3 години, кога со неговиот татко влегле во еден центар за рециклирање. „Тој сака да сортира скоро сѐ, а навистина му се допадна кога се обиде да ја наполни со искористени шишиња машината за рециклирање. Тогаш најверојатно доби два или три долари и навистина беше возбуден.“, вели татко му на Рајан, Дамион Хикман.

- Advertisement -

После првото искуство со рециклирање, тој едноставно бил навлечен. Рајан тогаш рекол дека сакал да собира, чисти, сортира и да разменува продукти за рециклирање во своето соседство. Заедно со мајка му доставиле торби за собирање на отпад за рециклирање во секоја куќа во соседството за да го олеснат планот на Рајан.

- Advertisement -

Четири години подоцна, проектот на ова младо момче доживеа навистина голем успех. Рајан моментално е активен во пет различни соседства и има околу 40 клиенти, чие ѓубре го сортира во 8 различни канти за отпадоци во дворот позади својот дом. На неколку викенди заедно со родителите го посетуваат центарот за рециклирање, каде доставуваат употребена пластика, хартија и стакло.

Откако бил регистриран неговиот стартап до сега, тој има рециклирано околу 23 000 килограми отпад, 200 000 лименки и шишиња, а донирал дури 1 600 долари во добротворни цели. Останатиот дел од неговата добивка, а станува збор за импресивна сума од околу 10 000 долари, ги штеди за факултет.

- Advertisement -

„Тој е навистина страстен за рециклирањето, а сака да придонесе кон тоа и останатите луѓе да почнат да рециклираат со страст. Мислам дека веќе успеа да влијае врз сите нас, па ќе се случува кога ќе поминам покрај некоја лименка или шише, да го земам и да го носам дома за рециклирање.“, вели Андреа, мајката на Рајан.

Покрај неговите статистички достигнувања, Рајан исто така бил прогласен и за младински амбасадор од страна на Pacific Marine Mammal Center, институција која и така му била драга. Рајан дури дизајнирал и линија на маички кои се продаваат по цена од 13 долари, а средствата собрани од маичките Рајан ги дава добротворно на Pacific Marine Mammal Center. Иако навистина се докажал како момче со огромни алтруистички интереси, Рајан за сега останува верен на својата прва љубов, рециклирањето.

Сподели!
- Advertisement -