Сингапур е најскапата земја за купување автомобил. Цената ан сертификатот за поседување семеен автомобил во оваа земја скокна на 146.002 сингапурски долари или околу 100.000 евра.
Тоа значи дека ако во оваа земја сакате да имате сопствен автомобил, мора да издвоите околу 100.000 евра само за одобрение да го купите, а тоа воедно е и нов рекорд во државата.
Како што пренесува BBC, Сингапур вовел десетгодишен систем за потврда за правото за поседување возила во 1990 година, што требало да биде мерка против сообраќајниот метеж. За да можат да купат автомобил, луѓето во Сингапур мора да го имаат тој сертификат.
Сертификатите се продаваат на аукција секои две недели, а звладата го контролира бројот на сертификати за продажба. Покрај даноците и увозните царини, овој систем го направи Синагпур најскапата земја во светот а купување автомобил.
Цената на овие сертификати достигна рекордна вредност неколку месеци по ред, затоа што закрепнувањето од пандемијата. Најниската цена на автомобил чини 104.000 сингапурски долари, што е речиси трипати повеќе отколку во 2020 година.
(Bizlife)
(фото: Pxhere=