ВИДЕО: Уживајте во спектакуларен лет над ноќниот лавиринт на Марс

- Advertisement -

Дали сте се зарашале како изгледа летот над површината на Марс? Но, не летот на сондите и другите летала, туку лет како со авион над Земјата? Европската вселенска агенција објави видео кое може да ви го долови баш таквиот лет над површината на Марс.

Во видеото е прикажан спектакуларен поглед на ноќниот лавиринт Noctis Labyrinthus, кој се протега на речиси 1.000 км низ кањонот. Уникатниот состав на стрмните долини е опкружен со највисоките вулкани во Сончевиот систем, за кои научниците веруваат дека формирале огромни кањони, предизвикувајќи растегнување на кората на планетата нагоре и создавање пукнатини пред повеќе милијарди години.

- Advertisement -

Да се обидеме да ви претставиме за колку големо подрачје се работи. Некои од долините на кањонот се широки повеќе од 45 км и длабоки 5 км За споредба, Големиот Кањон во САД има вкупна должина од 45 км и не е подлабок од2 км.

Како што велат од Европската вселенска агенција, видеото е направено со користење детани снимки од регионот кои ги направил орбитерот Mars Express, во комбинација со постоечки топографски податоци, а се е собирано со години за да се создаде видео кое дава 3Д приказ на површината на Марс.

- Advertisement -

(Zimo)

(фото: Pxfuel)

Сподели!
- Advertisement -