NASA на 31 јуни годинава во вселената ќе го лансира вселенското летало Parker Solar Probe, чија задача ќе биде проучување на нашата матична ѕвезда. Во текот на наредните 7 години мисијата ќе има 24 биски средби со Сонцето, а во некои од нив леталото ќе дојде на оддалеченост од само 6,2 милиони километри од него. Со тоа Parker Solar Probe ќе стане мисија со која човештвото ќе дојде најблиску до Сонцето во целата позната историја. Благодарение на вградените инструменти научнциите ќе дојдат во можност да ја мерат сончевата енергија, електрицитетот и магнетските полиња и да ја снимаат структурата на Сончевата површина, како и да ги проучуваат Сончевите ветришта.
Како што пренесува Klix.ba, во текот на најблиските средби со Сонцето леталото ќе биде изложено на температура од 1.370 Целзиусови и интензивна Сончева радијација, што значи дека инженерите на НАСА добро ќе се потрудат да го заштитат од прегревање за да не изгори. Податоците кои ќе ги собере леталото на научниците ќе им помогнат да добијат одговори на некои прашања за Сончевата надворешна атмосфера, која е потопла од самата површина на Сонцето, а веруваат дека ќе одгатнат и многу други мистерии за нашата најблиска ѕвезда.