Производителот на iPhone и компанијата Nvidia градат фабрика за вештачка интелигенција

- Advertisement -

Највредната светска компанија за чипови и производителот на iPhone, Foxconn, ги здружуваат силите во изградбата на т.н. фабрика за вештачка интелигенција. Компаниите тврдат дека станува збор за нов дата центар кој користи Nvidia чипови за широк спектар на примени – од обука на автономни возила, роботски платформи до големи модели за јазици.

Компаниите се здружиле кога САД ги најавија плановите за намалување на извозот на напредни чипови во Кина, што претставува удар за компанијата Nvidia.

- Advertisement -

Најновите ограничувања на извозот, кои Вашингтон ги најави неделава, ќе ја блокираат продажбата на два врвни чипови за вештачка интелигенција, кои Nvidia ги креираше за кинескиот пазар – A800 и H800.

Извршнуиот директор на Nvidiа, Јенсен Хуанг и претседателот на Foxconn, Јанг Лиу, се најдоа на бината на годишната изложба на технологија на Foxconn во Тајпеј во изминатата среда. Според него, Foxconn ја има експертизата и обемот за изгради такви фабрики на глобално ниво.

- Advertisement -

Лиу додаде и дека Foxconn се обидува да се претвори од компанија за производство на услуги во компанија за платформски решенија, наведувајќи ги паметните градови и паметното производство како други примери за фабрики за вештачка интелигенција.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Flickr)

Сподели!
- Advertisement -