Во понеделник во Скопје се одржува Саем за студии во Франција

- Advertisement -


Францускиот институт во Скопје и годинава го организира традиционалниот Саем за студии во Франција, којшто ќе се одржи во понеделник, 30 октомври 2023, од 11 до 16 часот.

Настанот ќе биде отворен за посетители од 11 часот, а официјално ќе биде отворен во 12 часот, со поздравни говори на:

- Advertisement -
  • г-дин Јетон ШАЌИРИ, Министер за образование и наука
  • Н.Е г-дин Сирил Бомгартнер , Амбасадор на Франција
  • г-дин Марко ЃОРГИЕВСКИ, Директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилности – Еразмус+

Саемот претставува неизоставен настан за средба на македонските средношколци, студенти, универзитетски професори, кои сакаат да го продолжат своето високо образование во Франција, или пак да остварат универзитетска соработка.

Ова е одлична можност да се добијат сите потребни информации за понудата на студиски програми директно од претставниците на француските универзитети присутни на саемот, како и информации за сите аспекти на студентскиот живот во Франција.

Настанот се одржува во организација на Францускиот институт во Скопје и француската агенција за високо образование Кампус Франс.

Сподели!
- Advertisement -