Google Maps добиваат нова опција базирана на вештачка интелигенција

- Advertisement -

Google најави нови опции за своите мапи, а тие новитети глвнос е базирани на вештачка интелигенција, а на корисниците треба уште повече да им ја олеснат навигацијата. Благодарение на AI, Google сега го подобри и пребарувањето во мапите, кое сега ќе биде побрзо и полесно ќе се наоѓаат специфични локации во наша близина.

Кога во пребарувањето ќе напишеме некој поинм, ќе се појават фотографии покрај резултатите, кои корисниците на Google Maps ги објавиле претходно. Со тие фотографии од Google велат дека сакаат на корисниците да им го поедностават пронаоѓањето на нови места, за корстењето на апликацијата да им биде позабавно.

- Advertisement -

Оваа нова опција уште оваа недела ќе се појави во Франција, Германија, Јапонија, Велика Британија и во САД, а подоцна ќе биде достапна и за сите други земји.

Од Google велат дека ја подобриле опцијатa пребарување на интересни работи во градовите кои ги посетуваат корисниците. Така, ако во мапитре напишете „What to do” (Што може да се прави?), ќе ви се покажат предлози за работите кои може да се видат, односно да се посетат во градовите во кои се наоѓате или кои сакате да ги посетите. Подобрената опција за пребарување треба да биде достапна за сите кориснции на Android и iOS во текот на наредните неколку недели, и тоа на сите пазари во светот.

- Advertisement -

За кориснциите подобро да се ориентираат и да се снаоѓаат во собраќајот, Google ја надгради опцијата за навигација. Таа надградба вклучува ажурирани бои на мапите и подобрени детали за автопатиштата. Оваа опција пристигнува во текот на наредните некоку месеци.

Уште еден новитет на европскиот пазар ќе бидат информациите за ограничување на брзината, кое исто така го очекуваме во текот на наредните неколку години. Ќе се појават и информации за локациите на станиците за полнење електрични автомобили, а возачите ќе имаат податоци и за видот на полнач, односно дали се компатибилни со нивните возила, брзината на полнење, кога полначот е користен последен пат итн.

- Advertisement -

Пократ сето тоа, од Google објавија и дека ја прошириле опцијата на т.н. инверзивен поглед, којмногу го олеснува движењето по улици и патишта, а преку опцијата Lens во мапите корисниците сега ќе можат полесно да се снаоѓаат во својата околина и поедноставно да најдат информации за објектите кои ги опкружуваат.

(Google)

(фото: Pexels)

Сподели!
- Advertisement -