Нова победа за планетата Земја – се забранува употребата на најмоќниот штетен гас

- Advertisement -

Последните неколку години дојде до алармантен пораст на емисијата на најмоќниот гас со ефект на стаклена градина кој му е познат на човештвото. Сулфур-хексафлуоридот (SF6) е синтетички гас кој остава до 25.200 пати поголем отпечаток од CO2 и се задржува во атмосферата дури 800-3.200 години откако ќе биде испуштен.

SF6 нашироко се користи во електроиндустријата и во многу други индустрии во текот на изработката на производи кои секојдневно ги користиме.Испуштањето на овој гас само во 2017 година е еквивалентно на дополнителни 1,3 милиони автомобили на патиштата ширум светот.Оттогаш употребата на SF6 брзо порасна, па денес овој гас има многу поголем ефект врз животната редина.

- Advertisement -

За употребата на SF6 да се стави под контрола и да се намали неговата употреба, Европскиот парламент, поддржувајќи ја одлуката на Европската комисија, донесе нови правила кои до 2026 година ќе ја забрзаат задолжителната примена на електрични расклопливи уреди и други компоненти на мрежите кои не подразбираат создавање ефект на стаклена градина.

Овој гас постепено ќе се укинува во прогресивен процес кој почнува од 2026 година, односно за помалку од три години. Откривајќи некои од лошите ефекти на SF6, Европската комисија уште во 2014 година препорача низа мерки со кои влијаеше на намалената употреба во различни индустрии и производи, вклучувајќи ги и тениските топчиња, спортските обувки, автомобилските гуми и прозорците со дупло стакло. Таа година SF6 не беше забранет во расклопливите електронски уреди затоа што Европската комисија тврдеше дека не постојат широко распостранети исплатливи, технички, изводливи, енергетски ефикасни алтернативи.

- Advertisement -

Одлуката на ЕУ испраќа моќен сигнал до државите-членки дека треба да г поддржат законите кои пропишуваат уреди без различни SF6 компоненти. Овој гас постепено ќе се укинува во прогресивен процес, кој почнува од 2026 година.

(Bizlife)

- Advertisement -

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -