Развиен робот-водич за слепи луѓе

- Advertisement -

Слепите и слабовидните луѓе најчесто користат стапови или кучиња-водичи за да се снаоѓаат во просторот. Додека стаповите им даваат одредена самостојност, многу поголема помош им се кучињата-водичи, кои им помагаат во вршењето на секојдневните обврски.

Но, проблемот е во тоа што нема ттолку кучиња-водичи за сите слепи луѓе да добијат по едно. Освен тоа, одгледувањето и обучувањето на кучињата е доста скапо и трае долго време. Затоа, не е изненадување што научниците се боидуваат да најдат друга алтернатива и се свртеа кон роботите.

- Advertisement -

Така, научници од Универитетот Бингхемптон успеаја да развијат робот-куче кое може да им помага на слепите луѓе. Нивниот робот учи многу побрзо од вистинските кучиња-водичи и наместо стотина часа обука, може да почне со работа после само десетина часа.

За отприлика десет часа обука овие роботи-кучиња можат да се движат, да се снаоѓаат во внатрешниот простор, да ги водат луѓето, да избегнуваат препреки, а истовремено можат и да преоознаат некои потези.

- Advertisement -

Иако овој робот е можна алтернатива за кучињата-водичи во иднина, ќе биде потребно доста време додека овие роботи-кучиња да ги заменат вистинските кучиња-водичи. Научниците планираат на роботите да им додадат интерфејс кој ќе препознава гласовни наредби за корисникот да може да му каже точно што треба да направи.

Исто така, интелигентата непослушност е битна способност. На пример, ако некој е слабовиден и му каже на роботот-куче да влезе среде сообраќај, потребно е тој робот да разбере и да не го послуша. Тоа се некои од спосон=бностите кои ќе ги тестираат допрва.

- Advertisement -

Тимот ќе го претстави трудот за своето истражување на кнференцијата за роботско учење CoRL во текот на овој месец.

(University of Binghamton)

(фото: Wikimedia)

Сподели!
- Advertisement -