Од 24 до 31 октомври се одржа Регионалниот саем за вработување, најголемиот онлајн саем за вработување во Македонија и регионот, каде оваа година повеќе од 150 работодавачи од Македонија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Словенија се претставија со над илјада различни огласи за слободни работни места.
Саемот го организираше водечкиот македонски портал за вработување во Македонија, Vrabotuvanje.com, кој е дел од групацијата Alma Career, во соработка со партнериte од регионот: MojPosao – Хрватска, Poslovi Infostud – Србија, MojPosao.ba – Босна и Херцеговина и Deloglasnik – Словенија.
Во текот на 8-те саемски денови, саемот забележа повеќе од 690.000 посети, а беа поднесени над 50.000 апликации за објавените огласи за работа.
Што се однесува до содржината на саемот и виртуелните штандови на работодавачите, кои покрај огласи за вработување, содржеа и бројни други информации како искуства на вработените и фотографии и видеа од работната средина, истите забележаа 5.390.000 прегледи на страници.
Изложувачите во Македонија остварија над 120.000 посети и 6.000 апликации на огласите за вработување. Исто така, голем број посетители стапија во директен контакт со работодавачите преку опцијата за онлајн чет со цел да се запознаат со идната потенцијална работна средина.
Оваа година на саемот учествуваа: Алкалоид, ЛИДЛ, НЛБ Банка, Костал Македонија, Gerresheimer, Магна Мехатроникс, Кромберг и Шуберт, Реплек, Нептун Македонија, Микросам, Strabag, Мајорел, Вабтек МЗТ, ПроКредит Банка, Флекс Кредит, Дојран Стил, Линамар, Адиент Аутомотиве, Дрекселмајер, Аптив, Вебхелп, Градежен Институт Македонија, Маркарт Македонија, Лакталис, Agile Pro Solutions, Teleperformance, Amfenol, Transcom и други. Работници од Македонија бараа и регионални компании, а дел од нив се Joorney, Philip Morris Services d.o.o. Beograd и Ingosoftware од Србија, Maistra Hospitality Group, GCCL (MALTA) RMD FLEET MGMT LTD, Metro, Konzum, Valamar и FraGround Fraport Ground GmbH од Хрватска, a од годинава за првпат на саемот имавме и работодавачи од Словенија, а станува збор за Univerzitetni klinični center Ljubljana, како и над 100 други реномирани изложувачи од регионот.
Извор – Вработување