Научници открија методи за претворање на месечевото тло во плодна почва за одгледување на билки. Кинеските научници правеле експерименти во лабораторија и вовеле бактерии во лунарен реголит, односно симулирано месечево тло, за да ја зголемат достапноста на фосфор, клучна хранлива материја за билките.
Важноста на ова откритие е тоа што би можеле да ги употребиме тие микроби за да го претвориме лунарниот реголит во биоприфатлив супстрат за одгледување билки во иднте лунарни стакленици, вели Јитонг Џиа од Кинескиот земјиделски универзитет, главен автор на студијата, која е објавена во списанието Communications Biology.
Киселоста на почвата предизвикана од бактериите го олеснила топењето на некои минерали кои содржат фосфати, со што се ослободува фосфорот. Како резултат на тоа, билките одгледани во така третираната почва имале долги стебла, корења и повеќе лисја во споредба со оние без микробни третмани.
Научниците во студијата употребиле симулиран реголит, а билката која ја користеле е никотиана бентамиана, односно билка која често се користи во истражувања.
Џиа вели дека голем е потенцијалот на ваквиот микробен пристап во одгледувањето билки во лунарни стакленици, нудејќи оодржливо решение од транспортот на големи количини почва од Земјата на Месечината. Тоа може да дополнително да го намали економскиот товар на транспортот од Земјата на Месечината.
Со оглед на огромниот научен и економски потенцијал на Месечината, во иднина ќе треба да се постават лунарни бази со човечки екипаж. Но, како ќе обезбедиме храна, кислород и вода за членовите на екипажот? Се разбира, можеме да однесе на Месечината со ракети, но тоа е економски неодржливо, смета Џиа.
Системот за одгледување билки на Месечината ветува дека ќе ги задоволи долгорочните потреби на екипажот за храна и кислород. Џиа вели дека освен што е исплатлива, нивната микробна техника ја постигнала целта со многу помала потрошувачка на преносен капацитет во споредба со алтернативните планови.
(Reuters)
(фото: Flickr)