Пред точно девет години, на 3. јануари 2009 година, беше „ископан“ првиот блок во биткоин блокчеинот. Овој блок е наречен блокот на генезата, содржи 50 биткоини и најверојатно е „ископан“ од основачот на криптовалутата, Сатоши Накамото, пишува Mashable.
Ова е перидот кога биткоин не вредеше многу и можеше да се „ископува“ од домашен компјутер. Девет години подоцна, биткоин вреди околу 15 000 долари и потребна е огромна мрежа од моќни компјутери за да може да се „ископа“ само еден биткоин.
Оние 50 биткоини што биле „ископани“ пред точно девет години, денес вредат 759 000 долари. Биткоинот уште не е прераснал во огромен проблем за банките, но многу финансиски аналитичари сметаат дека криптовалутите ќе го нарушат финансискиот систем во иднина.