Митреска: Само 5% од младите развиваат стартап бизниси

- Advertisement -

„Истражувањата укажуваат дека младите се соочуваат со посебни предизвици во пристапот до финансии бидејќи често се случува новите бизниси, вклучително и оние на младите луѓе, да останат надвор од периметарот на традиционалното банкарско финансирање поради недостаток на кредитна историја, недостаток на обезбедување, високи трансакциски трошоци и отсуство на соодветен финансиски инструмент“

Според анкетите, 45 проценти од младите планираат да станат претприемачи по завршувањето на образованието, но само 5 проценти од нив активно работат на развивање бизниси, беше нагласено на денешниот настан во организација на Европската банка за обнова и развој, во рамките на програмата „Младите во бизнисот“.

- Advertisement -

Вицегувернерката на Народната банка, Aна Митреска рече дека невработеноста кај младите во Европа е намалена во последната декада, од 20 проценти на 11 проценти, додека, во македонската економија стапката исто така се намалува, но и натаму е значително повисока од таа во ЕУ и изнесува 25 проценти.

„Истражувањата укажуваат дека младите се соочуваат со посебни предизвици во пристапот до финансии бидејќи често се случува новите бизниси, вклучително и оние на младите луѓе, да останат надвор од периметарот на традиционалното банкарско финансирање поради недостаток на кредитна историја, недостаток на обезбедување, високи трансакциски трошоци и отсуство на соодветен финансиски инструмент“, рече Митреска.

- Advertisement -

Таа појасни и дека е потребно вложување во поддршката за развивање на бизнисот и зголемување на знаењата и вештините на младите лица, како и подобрување на пристапот до пазарите, структурите за институционална поддршка и правните аспекти кои што се исто така особено важни за деловната автономија на младите луѓе.

„Нашата улога како општество е да го премостиме јазот помеѓу желбите и можностите на младото претприемаштво. За таа цел, од посебен интерес за Народната банка е финансиската писменост, бидејќи пристапот до финансии за помладите бара повисоко ниво на финансиска писменост, како основа за посилна финансиска вклученост“, рече вицегувернерката објаснувајќи дека со масовното навлегување на дигиталната технологија во светот на финансиите, веќе не е важна само конвенционалната финансиска писменост, туку и дигиталната.

- Advertisement -

Извор – Мета

Сподели!
- Advertisement -