Почна испораката на електричниот пикап на Tesla – Cybertruck

- Advertisement -

После бројни одложувања Tesla конечно почна со испорака на рвите модели на долгоочекуваниот електричен пикап. По таа пригода организираа посебен настан во нивната фабрика во Остин, каде што некои од првите купувачи ги презедоа своите автомобили. Конечно иднината ќе изгледа како иднина, изјави Маск откако се довезе во Cybertruck на бината, проследен со громогласен аплауз и извици од присутните. На голем екран на бината беше прикажано и видео во кое овој пикап го победува Porsche 911 во кратка трка, но во текот на трката Cybertruck влече уште едно Porsche.

Cybertruck го привлекува вниманието со својот необичен дизајн и каросеријата направена од нерѓосувачки челик, кои никого не оставаат рамнодушен. Како што коментира Маск, дизајнот е делумно инспириран од автомобилот претворен во подморцница во филмот со Џејсм Бонд во 1977 година, „Thy Spy Who Loved Me“.

- Advertisement -

Освен дизајнот, уште еден интересен факт за овој автомобил, кој во преднарачка веќе го купија над 2 милиони луѓе во светот, е тоа што досега, односно до почетокот на испораката не беа познати сите информации за него, како што се цената и досегот. Тие информации не беа објавени ниту на овој настан, но потоа се појавија на страниците на Teslа по завршување на настанот.

Кога ја дознаа цената, многумина останаа изненадени, додека дел од потенцијалните купувачи беа шокирани. Имено, кога беше најавен во 2019 година, се споменуваше цената 39.900 долари, асега дознаваме дека цената ќе биде многу повисока.

- Advertisement -

Имено, основниот модел на Cybertruck со погон на задните тркала ќе чини 60.990 долари, при што досегот на таквото возило е 400 км. Оваа верзија ќе се најде во продажба во 2025 година. Во продажба ќе бидат уште две верзии на Cybertruck со два и три мотори и нив ги очекуваме идната година. Моделот со два мотори и погон на четири тркала, ќе има досег од 545 км, ќе забрзува до 96 км/ч за 4,љ секунда и ќе чини 79.990 долари. Верзијата со три мотори ќе се вика Cyberbeast, ќе има дури 845 коњски сили и ќе чини неверојатни 99.990 долари, со досег од 512 км.

(Zimo)

- Advertisement -

(фото: Tesla)

Сподели!
- Advertisement -