Организатор на овој светски турнир е невладината организација „Фондација Лева“ со седиште во Јужбна Африка, која има за цел да овозможи јасни насоки и алатки за поединците да се вклучат на глобалниот пазар на труд
Третоодделенците од oсновното училиште „Св. Кирил и Методиј“, под менторство на наставничките Биљана Стојановска и Вера Петровска, учестуваа на светскиот натпревар во кодирање без интернет (Unplugged coding). Наставничката Стојановска, за Мета вели дека иако учениците биле најмали по возраст, сепак достојно ја претставиле нашата земја и стасале до високо ниво на кодирање на турнирот.
„На натпреварот учествуваа 55 тимови од 21 земја меѓу кои и Јужна Африка, Финска, Хрватска, Германија, Зимбабве“, вели наставничката.
Организатор на овој светски турнир е невладината организација „Фондација Лева“ со седиште во Јужбна Африка, која има за цел да овозможи јасни насоки и алатки за поединците да се инволвираат на глобалниот пазар на труд.
Меѓу проектите кои ги работат е и проектот „Tangible Africa“, чија цел е да ги направи концептите за кодирање достапни за секое дете. Тие се повеќе насочени на реони каде што компјутерите, пристапот до интернет или дури и електричната енергија се недостапни. Нивните концепти за игра се едноставни, натпреварувачки и забавни.
Извор – Мета