Основачот на компанијата Anduril, Палмер Лаки, за Bloomberg потврди дека Министерството за озбрана на САД планира од 2024 година да почне да користи дрон наречен Roadrunner.
Станува збор за дрон со млазен мотор и вертикално полетување и слетување, кој користи вештачка интелигенција и претставува иновација во индустријата за дронови. Функционира како пресретнувач на зраци, кој може да се врати во база доколку ја промаши метата или ако дојде до откажување на мисијата.
Roadrunner е интересно беспилотно летало кое има повеќекратна улога: може да соборува проектили и други дронови, но и да врши извиднички мисии. Опишан е како автономно летало со два млазни мотори, додека медиумите го нарекоа дрон убиец и нова комбинација на дрон, бомба и бумеранг со вештачка интелигенција.
Леталото е долго 1,8 метри. Полетува и слетува вертикално и може самото да експлодира како проектил. Ако ја промаши метата, се враќа на местото на лансирање, поради што и се споредува со бумеранг. Палмер најави дека Roadrunner наскоро ќе почне да се употребува.
Овој дрон се поврзува и со Украина, а и самиот Палмер вели дека дроновите се клучни во стратегијата на двете завојувани страни. На прашањето дали Roadrunner ќе се користи во Украина, тој одговори дека тоа е сложено и дека за тоа одлучува владата и други фактори.
(Klix.ba)
(фото: Anduri)