ЕБОР и ЕУ инвестираат заеднички железнички премин во Западен Балкан

- Advertisement -

Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската Унија (ЕУ) помагаат во зајакнувањето на регионалната интеграција и поврзаноста во Западен Балкан преку изградба на првиот заеднички железнички граничен премин, помеѓу Северна Македонија и Србија..

Новиот заеднички железнички граничен премин ќе биде изграден на железничката рута Коридор 10 кој е дел од проширената Трансевропската транспортна мрежа (ТЕН-Т) на регионот на Западен Балкан. Заедничкиот граничен премин ќе ја подобри ефикасноста, ќе го намали времето на чекање на границата и ќе го олесни патувањето за луѓето и транспорт на стока. Нови капацитети ќе се користат од страна на институциите од двете земји што ќе придоне во оптимизација на граничните процедури и царинската контрола. Со ова, работењето на сите заинтересирани страни на станицата ке биде побрзо и поефикасно.

- Advertisement -

Проектот е финансиран со заедничкиот финансиски пакет, кој се состои од ЕУР 5 милиони кредит од ЕБОР и ЕУР 2,5 милиони грант обезбеден од Европската Унија преку Инвестициската Програма за Западен Балкан (ИПЗБ).

Инвестицијата вклучува надградба на зградите на постоечката железничка станица и изградба на дополнителни нови згради, како и придружна опрема. Со ова ќе се приоднесе кон подобрување на енергетската ефикасност, преку повисоки стандарди за ефикасност на зградата и инсталирање на фотоволтаични панели.

- Advertisement -

Фатих Туркменоглу, директор на во Северна Македонија, изјави: ,, Со задоволство го поддржуваме Министерството за транспорт на Северна Македонија во напорите за подобрување на железничката инфраструктура во земјата. Подобрената железница – побезбеден и позелен начин на транспорт – не само што ќе ја подобри регионалната поврзаност и ќе отвори нови економски и трговски можности, туку и ќе помогне во решавањето на енергетската криза. До денес ЕБОР има обезбедено повеќе од 250 милиони евраза железничкиот сектор во Северна Македонија, и одлучни сме да го видиме овој стратешки сектор за земјата и регионот да биде подобрен и модернизиран.

Давид Гир, амбасадор на ЕУ во Северна Македонија, изјави: ,,Благодарение на значајната инвестиција на Тимот Европа, која вклучува инвестиционен грант од 2.5 милиони евра, патниците и товарниот транспортот помеѓу Србија и Северна Македонија, наскоро ќе имаат корист од подобрените капацитети на граничниот премин, преку изградба на заедничка железничка станица и граничен премин. Во пракса ова би требало да го намали времето на поминување  на границата, со што ќе го направи патувањет со воз поатрактивно долж самиот Коридорот 10, кој е витална север-југ.”

- Advertisement -

Министерот за финансии, Бесими, изрази задоволство од континуираната поддршка што ја добива земјата од ЕБОР и ЕУ. „Ова е само дел од долгата листа проекти на кои посветено работиме во изминатиот период за да обезбедиме финансиски средства за нивна реализација, а кои ќе обезбедат одржлив раст и позабрзана конвергенција кон ЕУ. Со денеска потпишаниот договор добиваме 7,5 милиони евра за реализација на проектот за воспоставување заеднички железнички премин со Република Србија и тоа е дел од големиот пакет од над 700 милиони евра за реализација на крупни инфраструктурни проекти, а за кои беа усвоени и законските решенија оваа недела во Собранието“, истакна Бесими.

Ова е чекор напред кон заедничката иницијатива на Република Србија за брз и ефикасен транспорт на добра и патници. Министерството за транспорт и врски е подготвено и очекува следната година да започне изградбата на заедничката железничка станица. Завршувањето на основниот и деталниот ТЕН-Т пат и патната мрежа согласно европски стандарди, намалување на времето на чекање и поедноставените процесури на граничните премини се приоритети за кои сите земји во регионот треба да се залагаат”, изјави Министерот Бочварски.

Воспоставувањето на заедничкиот граничен премин се идентификуваше како главен инвестициски приоритет за подобрување на регионалниот развој и зголемување на свеста во регионот на Западен Балкан од бенефитите на подобрена и ефикасна поврзаност со железница.

Овој проект е дел од Агендата за поврзаност на Европската Комисија и ги промовира реформските мерки за подобра поврзаност преку креирање на заеднички станици на граничните премини во земјите на Западен Балкна, сè со цел да се олесни железничкиот транспорт. Тој претставува еден од клучните инвестициски приоритети, кој е вклучен во Националната транспортна стратегија на Северна Македонија (2018-2030), а е дел од Акцискиот План за Транспортната Зедница за земјата.

ЕБОР е една од водечките институционални инвеститори во Северна Македонија. До денес, има инвестирано над ЕУР 2.6 милиони во 181 проекти, во различни сектори на економијата, од кои ЕУР 200 милиони се инвестирани во модернизација на железницата и учество во финансирање на Железничкиот Коридор 8 и 10.

Сподели!
- Advertisement -