Награда за Азески за неговиот придонес во одржување и развој на македонското стопанство

- Advertisement -

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески е добитник на награда за голем придонес во одржување и развој на македонското стопанство.

Ова високо признание му беше доделено од страна на редакцијата „Битолски весник“ на традиционалната 24-та по ред манифестација „Избираме најуспешни битолчани“, што се одржа во петокот во Битола, во присуство на околу 600 гости од цената држава.

- Advertisement -

На доделувањето на наградите претседателот на Комората Азески изрази задоволство и почит за ова признание, кое, како што истакна, е резултат на посветена работа и придонес кон целата заедница.

„Оваа награда не е само признание за мојата лична ангажираност, туку е и поддршка кон целата бизнис заедница што нашата Комора ја претставува. Затоа сакам да ја споделам со сите членови на Стопанската комора, нашите партнери и сите претприемачи и бизнис лидери од Битола. Нивната посветеност и иновативност се двигател на успешната работа на целиот битолски регион. Оваа награда нека биде инспирација за сите нас да го поддржиме истражувањето на нови можности, креативноста и растот на локалната бизнис заедница“, истакна Азески на доделувањето на наградата.

- Advertisement -

На годинашната манифестација беа доделени 35 признанија на најуспешните граѓани и институции кои со своите постигнувања и успех дале придонес за своја лична афирмација и за афирмација на градот. Беа прогласени најуспешните во областа на политиката, здравството, стопанството, новинарството, бизнисот, банкарството, образованието, естрадата, невладините организации, спортот, науката.

Сподели!
- Advertisement -