Кинескиот производител на електрични автомобили Nio наскоро ќе ја лансира во продажба најголемата батерија во полуцврста состојба од 150 kWh (140 kWh). За да покаже колкав досег ќе има новата батерија извршниот директор на компанијата, Вилијам Ли, возеше прототип на автомобилот Niо ET7 на далечина од 1.044 км, за што му биле потребни 14 часа. Тоа е растојание кое надминува многу возила на бензин, пишува порталот Car News China.
Тестот бил спроведен на прилично ниски температури од -2 °C до 12 °C, а возењето било главно полуавтоматско, односно во начинот на возење Navigate-on-Pilot+, како што го нарекуваат од Nio, додека брзината била ограничена на 90 км/ч. Просечната брзина во текот на возењето била 83,9 км/ч, со време на патување од 12,4 часа без застанување. После поминати 1.044 км во батеријата останале уште 3% од капацитетот, што било доволно за дополнителни 30 км досег. .
Батеријата ја произведе компанијата WeLion New Energy Technology, а има густина на енергија на една ќелија од 360 Wh/kg. Батериите во полуцврста состојба користат електролити од гел, глина или смола, нудејќи поголема густина на енергија и поголема отпорност на батеријата од сегашните батерии. Меѓутоа, тие се уште се далеку од идните целосно цврсти батерии, кои во иднина би можеле да имаат дупло поголема густина на енергија.
(Vidi.hr)
(фото: Nio)