ТАВ: Превезени над 3 милиони патници на двата македонски аеродрома

- Advertisement -

ТАВ: Превезени над 3 милиони патници на двата македонски аеродрома

Насловна › Вести › Успешни приказни › ТАВ: Превезени над 3 милиони патници на двата…

19.12.2023  Одбери категорија  Актуелно  Бизнис вести  Анкети и истражување  Успешни приказни  Издвоени огласи  Занимливости 

- Advertisement -

Над 3 милиони патници патувале преку двата македонски аеродрома – Меѓународниот Аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, од први јануари заклучно со 16-ти декември 2023 година, објави ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми.

Ова е важно достигнување за двата македонски аеродрома бидејќи го означува закрепнувањето на авиосообраќајот и на патничкиот сообраќај по пандемијата, надминувајќи ги нивоата од 2019-та година, која се смета за референтна година во авијацијата, и ова е првпат 3 милиони патници да бидат опслужени заедно на двата аеродрома во една година.

- Advertisement -

Како ТАВ среќни сме што одбележуваме ваков успех, не само за двата аеродрома, туку и за македонската авијација. Достигнувањето на 3 милиони патници пред крајот на 2023 е огромен успех, особено по пандемијата што имаше огромно влијание општо врз авијацијата. Овој успех ја покажува и докажува нашата посветеност на обезбедување услуги со врвен квалитет за нашите патници и исто така е показател дека луѓето се подготвени да патуваат и дека сега тие се повеќе од кога било имаат доверба за патувања со авион со оглед на ефикасноста и удобноста. Покрај тоа, ние како ТАВ Аеродроми сме повеќе од горди со статистиката на бројот на патници. Имено, статистиката покажува врв во 2019 година со речиси 2,7 милиони патници, потоа несреќен остар пад поради здравствената криза и ограничувањата за патување, а сега, во 2023 година, повторно се враќаме назад и успеавме дури и да ја надминеме 2019 година со 20%. Ова достигнување дополнително ќе не води и ќе нè инспирира да продолжиме да се стремиме кон нови рекорди. Ова е причината зошто ќе продолжиме да ги приспособуваме и подобруваме нашите услуги и да ги зголемуваме капацитетите на аеродромите за да бидеме подготвени да ги пречекаме нашите патници.“ – изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.  

Сподели!
- Advertisement -